24фудбал

Алаба: Заминувам од Баерн, преговарам со неколку клубови...

Давид Алаба попладнево соопшти дека заминува од Баерн Минхен, дефанзивецот вели дека преговара со неколку клубови но се уште не донел одлука за следната дестинација.

Германија

Давид Алаба се појави на прес конференција за да го соопшти дека става крај на авантурата во Баерн Минхен. Фудбалерот од Австрија не успеа да пронајде договор со „баварците“ за породолжување на соработката, па беспари ќе замине од „Алианц“ на 30. јуни.

„Решив летоска да замине од Баерн Минхен и да пробам нешто ново. Одлуката беше многу тешка, ова е многу важен клуб за мене, тука сум 13 години“ - изјави дефанзивецот.

„Се уште немам одлучено каде ќе одам, наскоро ќе пресечам. Не е тајна дека моите агенти се во контакт со неколку клубови“.

Подолго време се говори дека Давид Алаба се има договорено со Реал, наводно во Мадрид го чека петгодишен договор и плата од околу 12 милиони евра по сезона.