24фудбал

Легендарен фудбалер на Баерн Минхен стана селектор на Грузија

По поразот од Македонија во финалето од Лигата на нации, Грузија се реши да направи промени на селекторската позиција, Владимир Вајс е минато, Вили Сањол е новиот предводник.

Останато

Грузија потврди дека нов селектор на нивната фудбалска репрезентација е легендарниот дефанзивец на Баерн Минхен, Вили Сањол. Тој стави потпис на двегодишен договор со федерацијата од оваа земја.

Сањол девет години беше член на Баерн Минхен, од 2000 до 2009 година, претходно играше за Сент Етјен и Монако. Има 58 настапи за француската репрезентација.

Од 2014 до 2016 беше тренер на Бордо, а потоа асистент во Баерн Минхен, сега го презема кормилото на Грузија.