24фудбал

Алаба денеска ќе каже која ќе биде неговата следна дестинација?

Според „Билд“, дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба денеска ќе каже кој е неговиот следен чекор во кариерата.

Германија

Договорот на Алаба со Баерн Минхен истекува по крајот на оваа сезона и тој веќе е во фаза во која може да договори трансфер во нов клуб.

„Билд“ пишува дека Алаба веќе знае каде ќе игра следната сезона и тоа јавно ќе го каже денеска.

Се верува дека Алаба веќе се договорил со Реал Мадрид и тоа ќе биде неговиот нов клуб.

Според Фабрицио Романо, тој ќе потпише договоор до јуни 2025 година со Реал Мадрид, со плата од 12 милиони евра по сезона.