24фудбал

Возбудливо во Минхен, Баерн се спасуваше од пораз во првиот натпревар како светски шампион (ВИДЕО)

Баерн Минхен киксна по враќањето од Катар, вечерва избраниците на Ханси Флик се спасуваа од пораз против Арминија Билефелд и одиграа 3-3.

Германија

Возбудлив натпревар во Минхен со шест погодоци, Баерн се спасуваше од пораз во првиот натпревар како светски шампион.

По враќањето од Катар и триумфот на Светското клупско првенство, избраниците на Ханси Флик одиграа реми против Арминија Билефелд.

Гостите одлично го отворија мечот Влап донесе водство во 9. минута а Пипер зголеми на 0-2 по еден корнер во 37. минута.

На стартот од вториот дел, Левандовски намали на 1-2, но веќе следниот напад Гебауер реализираше за 1-3.

Толисо во 57. минута со глава ја затресе мрежата на Арминија, домаќините потоа силно притиснаа и изедначија во 70. минута. Гостите лошо расчистија една топка а Дејвис прецизно погоди крај стативата за 3-3.

Левандоски пропушти голема шанса веднаш да направи комлетен пресврт, а на спротивната страна Кордова го совлада Нојер за 3-4 но голот беше поништен поради офсајд, па бодовите беа поделени.