24фудбал

Еден од фудбалерите на кампот кој го организира Ангеловски е позитивен на ковид-19

Фудбалската федерација на Македонија информира дека има позитивен фудбалер на ковид-19 меѓу фудбалерите кои се учесници на мини кампот.

Македонија

Фудбалерот веднаш е испратен во изолација, останатите имаат негативни тестови.

„Еден од повиканите фудбалери на тренинг кампот е позитивен на тестирањето за Ковид - 19.  Мерките за заштита беа испочитувани, т.е. веднаш по теститањето сите од тимот беа во изолација додека не стигнаа резултатите. Сите други (фудбалери, стручен штаб и логистика) имаат негативни тестови“, се вели во соопштението на ФФМ.

Селекторот Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб организираат мини тренинг камп на кои се повикани фудбалери од домашното првенство и неколку од странство. Тренинг кампот трае од 15. до 17. февруари.

Целта е да се види дали некои од повиканите фудбалери би можел да се вклучи во А репрезентацијата.