24фудбал

Пандев: Ја кажав само вистината како стојат работите во македонскиот фудбал, не може некој да вложува...

Горан Пандев објаснува зошто го крена гласот против Фудбалската федерација на Македонија и начинот на кој таа го води фудбалот во нашата земја.

Македонија

Во интервју за „Дрнка.мк“, Горан Пандев уште еднаш гласно го кажа својот став за раководењето на фудбалот во Македонија откако претходно преку својот инстаграм профил го посочи прстот кон ФФМ.

„Ја кажав само вистината како стојат работите во мак фудбалот. Секаде во светот одлучуваат клубовите. Не може некои луѓе да даваат пари па да дојде Трајко, Петко и некој друг да одлучуваат за клубовите. Мислам редно време е клубовите да ја превземат одговорноста и јавно да кажат дека тие треба да ја водат македонската лига, оти тие се сопственици на клубовите, дават пари и мислам не треба да се молчи, треба да се излезе јавно и  да се кажат како стојат работите во Федерацијата.  Очигледно на некои им одговара така како што стојат работите, имаат загарантирано место во Европа. Се знае кој ќе испадне а кој ќе влезе  и така со години си го терат мак- фудбалот“, вели Горан Пандев.

Целото интервју со Горан Пандев можете да го прочитате - ТУКА.