24фудбал

Тричковски му даде гол на Богатинов, Мојсов доби црвен картон (ВИДЕО)

АЕК Ларнака со 3-1 славеше против Етникос Ахна, на мечот настапија дури пет Македонци.

Македонија

Иван Тричковски со убав удар во 19. минута ја затресе мрежата на Богатинов и го отвори резултатот на натпреварот.


Мојсов доби жолти картони во 64. и 72. минута по што беше исклучен од игра, но АЕК не само што немаше проблем да го задржи водството кое тогаш беше 2-1, туку до крајот постигна и уште еден погодок.

Тричковски и Мојсов беа стартери за АЕК Ларнака, а во 75. минута во игра влезе Спировски. Во составот на Ахна, цел меч одигра Богатинов, а во 68. минута влезе Костовски.