24фудбал

Пандев распали против ФФМ: Не се кријте зад резултатите на репрезентацијата, уште еднаш покажавте дека не му мислите добро на фудбалот

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев го крена гласот против Фудбалската федерација на Македонија.

Македонија

Горан Пандев кој преку својот клуб Академија Пандев многу добро знае какви се условите за фудбал во Македонија, го крена гласот против ФФМ.

Синоќа неговиот клуб во тешки услови за игра, на терен покриен со снег загуби од Работнички, а денеска тој прстот го впери во раководството на ФФМ.

„Срамно и жално... уште еднаш докажавте дека вие сте нефудбалски луѓе, луѓе кои не му мислат добро на македонскиот фудбал туку ве интересираат само вашите лични интереси и затоа одлуките ви се вакви... доста се криевте зад резултатите на репрезентацијата, сигурно паметот ви е уште во огромните премии што ги поделивте на наш грб, на грбот на репрезентацијата што гиневме за македонскиот дрес... излезете јавно и кажете што направивте за македонскиот фудбал, за нашата (аматерска лига), колку им помогнавте на клубовите во овој тежок период... спремен сум ако не се сменат некои работи ако клубовите не одлучуваат во фудбалската федерација да се тргнам на страна“, напиша Горан Пандев.