24фудбал

Снегот ги одложи натпреварите од Првата фудбалска лига

Мечот меѓу Академија Пандев и Работнички ќе биде единствениот овој викенд бидејќи преостанатите пет кои требаше да се одиграат денеска се одложени поради обилниот снег.

Македонија

ФФМ утринава информираше дека е донесена одлука денешните пет натпревари од Првата македонска лига да се одложат за следниот викенд поради обилните снежни врнежи.

„Поради обилните врнежи од снег на територијата на цела држава, ве информираме дека Комисијата за натпревари на ФФМ преостанатите пет натпревари од 19. коло во 1 МФЛ што требаше да се одиграат денеска ги ОДЛОЖУВА за следниот викенд 21.02.2021 година (недела)“, стои во соопштението на ФФМ.

Денеска требаше да се одиграат мечевите: Вардар - Пелистер, Струга ТЛ - Македонија ЃП, Силекс - Шкендија, Ренова - Беласица и Борец - Шкупи.

Вчера Работнички со 1-0 победи на гостувањето кај Академија Пандев.

Фото: ФК Шкендија