Андреа Пирло вели дека Наполи победил со сомнителен пенал и додава дека сите ќе зборувале за контроверзија доколку била досудена ваква најстрога казна во корист на Јувентус.
Категорија: Италија 14.02.2021 00:15 Прочитано: 2037 пати
Јувентус загуби со 1-0 на гостувањето кај Наполи, Лоренцо Инсиње погоди од белата точка откако со помош на ВАР беше досудена најстрога казна за еден дуел помеѓу Кјелини и Рахмани.
Дефанзивецот на Јувентус реагираше несмасно и со рака го погоди во лице играчот на Наполи иако тешко дека тој ќе стигнеше до топката и голманот Шчесни имаше се под контрола.
„Не им дозволивме да шутнат кон нашиот гол, изгубивме поради сомнителен пенал. Одигравме добро, креиравме доста шанси но за жал не погодивме. Задоволен сум од прикажата игра, разочаран од резултатот“ - вели Андреа Пирло.
„Ако се свири пенал секогаш кога некој ќе испружи раце додека топката е во рацете на голманот, тогаш ќе има многу пенали. Не дај боже на Јувентус да му се досудеше ваков пенал, сите ќе зборуваа за контроверзија, ќе имаше еден куп поплаки“.