24фудбал

Стефан Ристовски со црвен картон дебитираше за Динамо Загреб

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски поцрвене на своето деби во дресот на Динамо Загреб но неговиот клуб и покрај тоа победи со 1-0 против Осјек.

Македонија

Ристовски беше стартер на мечот, но во 72. и 78. минута доби по еден жолт картон по што предвреме го заврши натпреварот.

Динамо Загреб кој имаше водство уште од 15. минута, успеа да ја сочува таквата предност и на крајот да ги освои трите планирани бодови.