24фудбал

Деби со пораз за Васоски, Работнички ја победи Академија Пандев во тешки услови во Струмица

Академија Пандев и Работнички го отворија пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, мечот се играше во тешки услови на кои подобро се снајдоа гостите победувајќи со 1-0.

Македонија

На замрзнат терен покриен со снег, Академија Пандев и Работнички го играа денешниот натпревар, дуваше и ветер кој дополнително им ја отежнуваше работата на фудбалерите.

Ова беше деби натпревар за Александар Васоски на клупата на Академија Пандев.

Натпреварот беше решен во финишот, во 79. минута голманот Јовановски направи грешка, му ја подари топката на Кристијан Стојкоски кој погоди за водство на Работнички од 1-0 кое значеше и победа.

Утре од 14 часот се играат останатите пет натпревари, Борец - Шкупи, Ренова - Беласица, Силекс - Шкенедија, Струга ТЛ - Македониија ЃП и Вардар - Пелистер.