24фудбал

Несуденото засилување на Милан ќе го замени Упамекано во РБ Лајпциг

Мохамед Симакан ќе се пресели во РБ Лајпциг како замена за Дајот Упамекано, „биковите“ си подале рака со Стразбур за трансфер вреден 15 милиони евра плус бонуси.

Германија

Баерн Минхен синоќа потврди дека ќе го ангажира Дајот Упамекано од РБ Лајпциг, Французинот има откупна клаузула вредна околу 42,5 милиони евра.

„Биковите“ експресно најдоа замена и го договорија Мохамед Симакан од Стразбур.

Перспективниот дефанзивец е следен од голем број на клубови, минатиот месец се договори со Милан но „росонерите“ не можеа да пронајдат компромис со Стразбур за висината на трансферот, па зделката не се реализираше.

Се говори дека РБ Лајпциг ќе плати 15 милиони евра плус бонуси за услугите на Мохамед Симакан.