24фудбал

Ансу Фати најдобар млад фудбалер во изборот на „Л’Екип“ (ФОТО)

Младиот шпански фудбалер е најдобро рангиран во изборот од францускиот медиум на листата на која се најдоа 50 фудбалери кои се означени за најдобри во својата категорија.

Останато

Ансу Фати од Барселона е рангиран на првото место во изборот на француски „ЛЕкип“ за најдобар млад фудбалер во светот, во категоријата за фудбалери родени во 2001 година или нешто подоцна од тоа.

Тинејџерот Фати кој инаку има 18 години има активен договор со Барселона до 2022 година, но и опција во истиот за дополнителни две години, а оваа сезона на седум настапи успеа да постигне четири погодоци, но и една асистенција.

На второто место во изборот на францускиот медиум се најде Едуардо Камавина од Рен, односно Рајан Гравенберх од Ајакс на третото место.