24фудбал

Покетино застана во одбрана на Ди Марија: Го прашаа дали сака да игра со Меси? Што треба да каже!?

Изјавата на Ахнел Ди Марија дека би сакал да игра со Лео Меси крена многу врева во Барселона, а Роналд Куман ја оцени како немање почит кон нив бидејќи зборуваат за нивни фудбалер.

Франција

Договорот на Меси со Барселона истекува по крајот на сезоната, а ПСЖ е најсериозен кандидат за неговиот потпис, па изјавата на Ди Марија дека сака да игра со неговиот славен сонародник беше протолкувана како врбување и правење притисок.

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино застана во одбрана на Ди Марија.

„Тие го прашаа Ди иМарија дали сака да игра со Меси... добро, што сакате тој да одговори? Тоа не е непочитување кон Барселона. Ајде да не ги вадиме работите надвор од контекст“, изјави Покетино.