24фудбал

Нејмар: Не знам дали јас сум проблемот, или тоа што го правам на терените?

Првата ѕвезда на францускиот првак и дефинитивно ќе го пропушти првиот дуел со Барселона идниот вторник во рамките на осминафиналната рунда од Лигата на шампионите поради повреда, неизвесен е воедно и за реваншот предвиден за 10 март.

Франција

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар се обрати на социјалните мрежи за да ја пренесе сета фрустрација поради последниот проблем со повредата која ќе го одалечи од терените околу еден месец, а се повреди на вчерашниот меч од францускиот куп против Каен.

Тагата е огромна, болката неминовна, а солзите константни, уште еднаш ќе паузирам од нешто што го работам со љубов, тоа е играњето фудбал, некогаш не се чувствувам комотно поради мојот стил на игра, тоа е поради фактот што се служам со дриблинзи, а противниците постојано ме удираат“ вели Нејмар во дел од својата објава.

Не знам дали јас сум проблемот, или тоа што го правам на терените, сево ова ме прави многу тажен, особено ме натажува кога ќе слушнам коментари за тоа како постојано сум паѓал на теренот, сум плачел, сум се однесувал како дете и слично, едноставно е, само сакам да играм фудбал, НИШТО ПОВЕЌЕ ОД ТОА“ додава Бразилецот.