24фудбал

Паника во ПСЖ, Нејмар се повреди на 6 дена пред дуелот со Барса!

Покетино и ПСЖ нервозно ќе ги исчекуваат вестите за ситуацијата на Нејмар, Бразилецот се повреди во незгоден момент, на само 6 дена пред дуелот со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Франција

„Светците“ вечерва имаа натпревар во Купот на Франција, со 0-1 триумфираа на гостувањето кај Каен и го продолжија настапот, но го загубија Нејмар.

По десетина минути игра во второто полувреме, Бразилецот падна на тревата по еден остар старт на Јаго и се држеше за коленото. По укажаната помош од лекарскиот тим, напаѓачот продолжи но веднаш побара замена и директно се упати во соблекувалната.

Повредата доаѓа во незгоден момент, ПСЖ за 6 дена има дуел со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампиони, па Покетино сега нервозно ќе ги исчекува вестите за ситуацијата на Бразилецот.