24фудбал

Ерера се сомнева дека постојат услови Меси да потпише за ПСЖ

Меси истовремено се поврзува и со можен трансфер во Манчестер Сити, каде повторно би соработувал со Пеп Гвардиола, меѓутоа кандидат за неговиот потпис е секако и францускиот првак ПСЖ.

Франција

31 годишниот фудбалер на ПСЖ, Андер Ерера верува дека францускиот првак би имал потешкотии за да го ангажира Лионел Меси претстојното лето, дури и по фактот што Аргентинецот би бил слободен играч на трансфер пазарот, а сомневањата се во однос на почитување на регулативите за финансискиот ферплеј.

Меси, Нејмар и Мбапе заедно во иста екипа? Не знам како тоа би се извело со финансискиот ферплеј, но не верувам...“ изјави Ерера кој потоа не сакаше да навлегува во коментар за шпекулациите со иднината на Меси, од почит кон Барселона, бидејќи ниту во ПСЖ не им се допаднале шпекулациите за можно враќање на Нејмар во редовите на Каталонците.

Не би сакал да навлегувам во оваа тема, кога сите во Барселона зборуваат за Нејмар, во клубот, како и вон него, нам не ни се допаѓа сето тоа“ додаде тој.

Не би сакал да сторам нешто што ниту мене не би ми се допаднало да сум на тоа место, имам голема почит кон Барселона, Меси, како и неговите соиграчи, но и тренерот“ потенцираше фудбалерот од средниот ред на францускиот првак.