24фудбал

И мечот меѓу Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед доби нова локација

Реал Сосиедад ќе му биде домаќин на Манчестер јунајтед во Торино, на стадионот на Јувентус бидејќи поради рестрикциите за ковид-19 тоа не може да го стори во Шпанија.

Лига Европа

Новите безбедносни мерки во Шпанија велат дека оние кои доаѓаат во земјата а се надвор од Европската унија треба да одат во карантин.

Поради тоа одлучено е мечот од Лига Европа меѓу Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед да добие нова локација, тоа е Торино.

Натпреварот се игра на 18 февруари во 18:55 часот.

Од слични причини нова локација доби и дуелот меѓу Молде и Хофенхајм, овој натпревар ќе се игра во Виљереал. 

Претходно беше одлучено мечевите од Лигата на шампионите, Менхенгладбах - Манчестер Сити и Лајпциг - Ливерпул да се играат во Будимпешта.