24фудбал

Аргентинска телевизија го објави последното видео на Марадона, во студиото имаше солзи (ВИДЕО)

Диего Марадона почина пред повеќе од два месеци, но аргентинската фудбалска легенда не престанува да биде актуелна тема во својата земја но и во светот.

Јужна Америка

Телевизија од Аргентина синоќа го објави последното снимено видео од Марадона кое е направено брзо по враќањето од болница каде што имаше операција на главата.

Ова е снимка во која Марадона му се обраќа на докторот Луке и му вели: „Знаеш дека не сакам вакви интимности, но важно е дека сум добар. Кога сум во друштво на добри луѓе, знам дека брзо ќе се извлечам од дупката во која што сум сега“, вели Марадона.


Снимката ги расплака сите во студиото на аргентинската телевизија.

Овој период е актуелен и доткрото Луке за кој излезе снимка како со погрдни зборови и без посебни емоции зборува за смртта на Марадона.