24фудбал

Вилаш Боаш си поднесе оставка: Утрово се разбудив и дознав дека Марсеј купил играч за кој кажав дека не го сакам

Андре Вилаш Боаш на сред пресконференција откри дека си поднел оставка, Португалецот е лут на управата на Марсеј бидејќи бил донесе играч кој тој не го побарал.

Франција

Марсеј поминува низ тежок период, откако изминатиов викенд навивачите го запалија тренинг центарот и се пресметаа со неколку фудбалери, Андре Вилаш Боаш денеска на сред прес конференција откри дека си поднел оставка.

Причина е засилувањето Оливие Нчам од Селтик, тренерот јасно до знаење ставил дека не го сака но и покрај тоа играчот бил донесен на „Велодром“.

„Трансфер пазарот заврши со пристигнување на нов играч, одлука која не ја донесов јас. Се работи за играч за кој јасно кажав НЕ. За неговиот ангажман дознав утрово кога се разбудив и ги прочитав вестите. Поднесов оставка бидејќи не се сложувам со стратегијата. Бордот ми нема одговорено. Не сакам пари, сакам само да заминам. Прекршен е џентлменскиот договор кој го имавме за купување играч. Одлуката да си поднесам оставка нема никаква врска со случувањата од саботата, се работи за спортскиот дел. Дури и за заминувањето на Немања Радониќ бев известен во последен момент. Го чекам одговорот на бордот, доколку кажат НЕ, ќе продолжиме. Повторувам, не сакам ништо од Марсеј, не сакам пари, едноставно сакам да си заминам“ – истакна Вилаш Боаш.