24фудбал

Мбапе: Нејмар е во центарот од проектот на ПСЖ, а јас сум среќен што сум тука да му помогнам

Нејмар во 2017 година направи рекорден трансфер во висина од 222 милиони евра, а уште од тогаш се шпекулираше за неговата иднина, па дури се споменуваше и враќање во Барселона, се чини дека Мбапе нема дилеми во тоа дека Бразилецот ќе остане во француската престолнина.

Франција

Килијан Мбапе упати јавни пофалби до својот соиграч од редовите на францускиот првак ПСЖ, Нејмар, за кого наведе дека според него, тој е најдобриот во светот, меѓутоа јасно нагласи и дека Бразилецот е во центарот од проектот на ПСЖ, уверувајќи дека нема дилеми околу неговата иднина во тој клуб.

Секогаш си велев дека големите играчи треба да играат заедно, а тоа е повеќе од јасно помеѓу мене и него“ изјави францускиот напаѓач запрашан за Нејмар.

Нашиот однос на теренот и вон теренот е одличен, од самото мое пристигнување во клубот, Нејмар е во центарот од проектот на ПСЖ, а јас сум тука да му помогнам“ додава младиот фудбалер.

Јас кога пристигнав во ПСЖ бев фудбалер за кого сите велеа дека ќе бидам ѕвезда, но секако дека тоа требаше да го докажам на терените, а што се однесува до Нејмар, тој умее чуда да направи со топката, тој е најдобриот во светот“ заклучи Мбапе.