24фудбал

Покетино му се налути на Леви за потегот со Деле Али

Иако доби зелено светло од Мурињо, Деле Али на крајот не успеа да замине на позајмица во ПСЖ, иако постоеше голема желба од Покетино, меѓутоа финалната одлука ја донесе Леви, спротивно од наведеното трио.

Франција

Новиот тренер на ПСЖ, Маурицио Покетино имаше можност повторно да соработува со Деле Али, со кого соработуваа доста успешно во Тотнем, меѓутоа, и покрај тоа што актуелниот предводник на „Спарси“, Жозе Мурињо дал зелено светло за таа позајмица, првиот човек на Премиерлигашот, Даниел Леви ја попречил преселбата на фудбалерот.

Медиумите на Островот наведуваат дека Покетино бил фрустриран од потегот на Леви кој не дозволил Деле Али да замине на позајмица до крајот на актуелната сезона, иако познато е дека фудбалерот не е во плановите на Мурињо.

Причината за одлуката на Леви се верува дека е поради тоа што клубот од Лондон не можел да пронајде соодветна замена за Деле Али, меѓутоа останува таа тема за дискусија бидејќи и повеќе од јасно е дека за фудбалерот нема место во составот на Мурињо.

Се шпекулира дека од Тотнем дури се обиделе и да го вратат Кристијан Ериксен кој лани во јануарскиот преоден рок се пресели во Интер, а постоела опција Данецот да се врати на позајмица, меѓутоа финансиските околности биле пречка за ова да се реализира.