24фудбал

Шокантна снимка од докторот на Марадона: Дебелиот умира, објави дека е мртов! (АУДИО)

Една снимка повторно разви жестока дебата во Аргентина за смртта на Марадона, овој пат на тапет е докторот Луке кој употребува непристоен речник за легендарниот фудбалер.

Јужна Америка

Докторот на Марадона, Леополд Луке и психијатарот Агустина Косачов се обвинети за несовесно лекување на легендарниот фудбалер во последните денови од неговиот живот.

Во Аргентина излезе нивниот разговор во моментите кога Марадона умирал.

„Да кретену, изгледа дека има срцев удар и дебелиот умира. Не знаеме што направил, на пат сум, доаѓам. Објави дека е мртов“, вели Луке.

„Сега сум со тимот на итна помош, се обидуваат да го оживеат но немаат големи шанси. Итната помош доцнеше 10-15 минути“, вели Агустина.

„Влеговме во собата, Диего беше многу ладен. Се обидовме да го оживееме, да му ја качиме температурата, но не успеавме. Ја напуштив собата, ништо не ми зборуваат. Тоа е тоа, што моравме да го направиме. Семејството беше свесно, разговаравме со нив. Некои пациенти се тешки“, вели Луке. 

Тоа е дел од разговорот меѓу Луке и Аугустина кој е објавен во јавноста.


На ова реагираше и една од ќерките на Марадона, Далма, која напиша на социјалните мрежи: „Луке, ти си кучкин син, се надевам дека ќе има правда, но не треба да игнорираме дека Матијас Морла го претставува мојот татко. Ги слушнав аудио разговорите меѓу Луке и психијатарката повратив. Единствено што сакам од Бог е да има правда“.