24фудбал

Нејмар: Не знам зошто, но работите тука се променија, сакам да останам во ПСЖ

Бразилската ѕвезда Нејмар, кој претходно сакаше да си замине од ПСЖ, сега вели дека сака да остане во францускиот клуб.

Франција

Нејмар нема намера да го напушти ПСЖ, вели дека е среќен во францускиот клуб и сака да остане таму.

„Многу сум среќен. Работите се променија многу, не можам дда објаснам зошто, дали е до мене или нешто друго се промени“, вели Нејмар.

„Но денеска се чувствувам добро. Се адаптирав. Посмирен сум и сум многу среќен тука. Сакам да останам во ПСЖ и се надевам и дека Мбапе ќе остане. Се разбира тоа е желба на секој навивач на ПСЖ“.

„Сакаме ПСЖ да биде голем тим и сакам да продолжиме да го правиме тоа секој ден во Парис, да играме фудбал и да бидеме среќни. Тоа е најважната работа“.