24фудбал

Прв пораз за Покетино, ПСЖ како аматерски тим прими гол во 92. минута и загуби (ВИДЕО)

Маурисио Покетино го забележа првиот пораз на клупата на ПСЖ, „светците“ денеска неочекувано загубија од Лориен иако имаа водство на десет минути до крајот.

Франција

Лориен приреди големо изнандување, во финишот од мечот направи пресврт и во 92. минута го шокираше ПСЖ.

Абержел донесе водство од 1-0 во 36. минута, но Нејмар од пенал во 45. минута се погрижи на пауза да се замине со 1-1. Бразилецот потоа во 58. минута реализираше нов удар од белата точка и донесе предност за „светците“ од 1-2.

Многумина веројатно помислија дека ПСЖ во продолжението само ќе ја потврди победата, но домаќините не се предадоа и изедначија преку Виса во 80. минута.

Во 92. минута следуваше шок. ПСЖ доби слободен удар, Нејмар се обиде набрзина да го проигра Мбапе и да ги изненади домаќините, но одбраната на Лориен одлично се снајде и не само што спречи шанса, веднаш го уфрли Мофи во контра, фудбалерот се најде осамен пред голманот Рико и го матираше за 3-2 и огромно славје.