24фудбал

Марсеј бара жестока казна за хулиганите, направена е огромна штета

Ултрас фановите на Марсеј попладнево направија голем инцидент во тренинг центарот на клубот откако нападнаа вработени и фудбалери, а причинија и голема материјална штета.

Франција

Марсеј соопшти дека е направена огромна материјална штета во висина од стотици илјади евра, клубот бара виновниците жестоко да се казнат.

„Тоа што се случи попладнево заслужува најстрога казна за сторителите кои тврдат дека го подржуваат Олимпик Марсеј, но тие ја уништуваат инфраструктурата и им се закнуваат на вработените и фудбалерите“, вели Жан Анри Ејро.

Со изјава излезе и капитенот, Стив Манданда.

„За овој клуб играм цели 13 годин и знам многу работи за него, ја разбирам и фрустрацијата и љубовта што произлегува од тоа. Овие настани многу ме растажија, не можам да ги прифатам. Ние сме фудбалери, а спортската криза не смее да биде оправдување за насилство“, вели Манданда.