24фудбал

Еден фудбалер на Марсеј излегол да разговара со навивачите па си добил ќотек и бил ограбен

Најмалку 25 луѓе се уапсени во расправии предизвикани од фанови на Олимпик Марсеј кои насилно влегле во клупските простории и барале оставка од раководството.

Франција

Полицијата преку својот твитер профил потврди дека 300 фанови насилно ги нападнале луѓето кои биле задолжени да го обезбедуваат комплексот на клубот.

Веднаш било пратено засилување кое требало да го расчисти нередот. Биле уапсени 25 лица.

Според некои слики на социјалните медиуми, ултрас фанови со капи на главата, фрлале бакли и различни предмети во комплексот.

Најлошо поминал фудбалерот Алваро Гонзалез. Шпанскиот играч заедно со капитенот Стив Манданда се појавиле пред навивачите обидувајќи да ги смират, но Алваро Гонзалез бил истепан и ограбен од толпата.

Поради ваквите нереди натпреварот меѓу Олимпик Марсеј и Рен е одложен.

Марсеј нареди три порази по ред, а нема победа на последните четири меча. Тренерот Андре Вилаш Боаш рече дека нема да го продолжи договорот поради лошите резултати.