24фудбал

Вчерашниот гол ги промени работите, Интер ќе го задржи Ериксен

Антонио Конте има пофалби за Ериксен и уште еднаш потврди дека во јануари никој нема да го напушти Интер, вклучително и данскиот фудбалер.

Италија

Силно се шпекулираше дека Ериксен ќе замине во јануари, Интер му бараше нов клуб, но високата плата беше пречка за негов трансфер.

Сепак, синоќешниот гол од слободен удар во дерби мечот против Милан може да биде пресвртница во неговата кариера во Интер.

Се чини дека клубот веќе нема намера да го продава Ериксен, а во тоа убедува Антонио Конте.

„Веќе еден месец ја зборувам истата работа, ова е составот на Интер. Никој нов нема да дојде и никој нема да си оди. Продолжувам да го кажувам тоа и изгледа никој не ми верува“, вели Конте.

„Работиме со Ериксен на тактичко ниво да најдеме алтернатива за Брозовиќ, бидејќи немаме друг таков во составот“.

„Кристијан е многу интелегентен дечко, има квалитет, дел од проектот е и среќен сум што го постигна тој гол. Навистина сакав да го изведе ударот бидејќи сите ги знаеме неговите квалитети од слободен удар“.

„Тој е многу срамежлив, па се надевам дека овој гол ќе го разбуди. Сите во клубот го сакаме, добар дечко е, веројатно премногу добар. Треба да биде поодлучен“.