24фудбал

Тотнем само под еден услов може да го пушти Деле Али во ПСЖ

ПСЖ притиска за ангажман на Деле Али, но Тотнем ќе го пушти само ако успее да договори соодветна замена за него.

Англија

Иако не е дел од стартниот тим на Жозе Мурињо, Деле Али е важен играч за Португалецот кој сака да има широк ростер со квалитетни играчи.

Деле Але не е задоволен од својата минутажа и сака да оди кај Покетино во ПСЖ.

Се верува дека Тотнем би го пуштил на позајмица до крајот на сезоната, но не би го продал.

Но, Деле Али ќе може да отиде во ПСЖ единствено ако лондонскиот клуб најде соодветна замена за него.

Една од опциите беше враќање на Ериксен, сепак по неговиот вчерашен гол против Милан, Данецот можеби ќе остане во Интер.