24фудбал

Тухел денеска дебитира на клупата на Челси

Томас Тухел вчера беше именуван за нов тренер на Челси, а денеска ќе го има своето деби во Премиерлигата, прв противник му е тимот на Вулверхемптон.

Англија

Бурна недела во Челси, во понеделникот Лампард доби отказ, а вчера Тухел стана нов тренер на сините.

Брзо откако беше назначен за нов предводник на тимот, тој одржа и тренинг со фудбалерите, а денеска ќе го има својот прв натпревар во Премиерлигата.

Прв противник на Тухел е солидниот тим на Вулвс. Германецот има задача брзо да го крене тимот на Челси и да почне да реди добри резултати.

Тухел е свесен дека нема да има многу време за адаптација, бидејќи Роман Абрамовиќ постојано покажува дека нема многу трпение со тренерите.

Германскиот стратег треба да го извади најдоброто од новите засилување, тој му беше тренер во ПСЖ на Тиаго Силва, а по германска линија се очекува да има подобра комуникација со Вернер и Хаверц кој досега имаа разочарувачки настапи.

Натпреварот меѓу Челси и Вулвс почнува од 19:00 часот.