24фудбал

„Сакаш да зборуваш за мојата мајка!“ - едвај го додржаа Лукаку да не се степа со Ибрахимовиќ (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку една сезона беа соиграчи во Манчестер јунајтед но вечерва малку фалеше да се степаат, откако дојде до кошкање на теренот, Белгиецот реши да тера правда на паузата, соиграчите и луѓето од Интер едвај го додржаа.

Италија

Во финишот на првото полувреме во дербито на Милано во Купот на Италија, Златан Ибрахимовиќ влезе во дуел со Ромелу Лукаку. Одредени коментари на Швеѓанецот го разгневија Белгиецот, кој му влезе во лице на својот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед. 

На момент страстите беа смирени и играта продолжи откако судијата им покажа жолт картон на двајцата, но Ромелу Лукаку тргна да се пресмета со Златан Ибрахимовиќ откако беше означен крај на првиот дел. 

Соиграчите и луѓето од Интер едвај го додржаа Белгиецот да не направи сериозен инцидент. 

Се шпекулира дека Ибрахимовиќ кажал нешто за мајката на Лукаку и ги нарекол магаре, па затоа фудбалерот на Интер ги загубил нервите.

Белгиецот пак можеше да се слушне како му дофрла на Швеѓанецот, „Сакаш да зборуваш за мојата мајка!“, го нарече „ку*вин син“ и му порача, „е*и се и ти и твојата жена“.