24фудбал

Карма: Што кажа Лампард кога Вилаш Боаш доби отказ од Челси?

По отказот кој го доби Лампард, дел од медиумите се потсетија на неговата изјава дадена како фудбалер по отказот на Андре Вилаш Боаш од Челси.

Англија

Во 2011 година Андре Вилаш Боаш седна на клупата на Челси, но во март 2012 година доби отказ. Се пишуваше и дека дел од фудбалерите намерно играат лошо сакајќи Португалецот да добие отказ.

Тогаш Лампард како еден од клучните играчи на Челси го негираше тоа, но рече дека можеби Вилаш Боаш е премлад за работата и таа му е дадена прерано.

„Фудбалерите немаат удел во неговото отпуштање, тој ги одигра своите карти и не функционираше. Можеби беше премлад и можеби оваа работа дојде прерано за него“, изјави тогаш Лампард.

Истите овие зборови кои тогаш ги кажа Лампард како фудбалер, сега може да се пресликаат и за неговиот отказ, изгледа како кармата да го удри англискиот стратег.