Луис Суарез продолжува да ги тресе противничките мрежи, Уругваецот стрелаше прецизно и денеска во победата на Атлетико Мадрид од 3-1 над Валенсија.
Категорија: Шпанија 24.01.2021 23:09 Прочитано: 402 пати
Избраниците на Симеоне продолжуваат да редат победи, вечерва славеа на домашен терен против Валенсија.
Гостите поведоа во 11. минута, Рачиќ прекрасно погоди за 0-1. Сепак, Атлетико брзо одговори и преку Жоао Феликс изедначи во 23. минута.
На стартот од вториот дел на сцена стапи Луис Суарез, напаѓачот си подари гол за роденден и реализираше за 2-1. За Уругваецот ова беше погодокот број 12 оваа сезона
Во 72. минута Кореа се запиша во листата на стрелците и ги реши сите дилеми.