24фудбал

Нова трагедија во Бразил, во авионска несреќа загинаа четворица фудбалери и претседателот на клубот (ВИДЕО)

Нова авионска трагедија во Бразил во која меѓу жртвите има и фудбалер, овој пат се работи за нисколигашот Палмас.

Јужна Америка

Авион со шест луѓе се урнал во областа Порто Национал, во Токантис. Во авионот биле претседателот на клубот Палмас, Лукас Меира и фудбалеритие Лукас Прашедес, Гилерме, Рануле и Маркус. Сите тие, вклучително и пилотот загинале. Ниту еден патник не преживеал.

Ова е втора авионска трагедија на бразилски клуб во последните години. Претходо Чапокоенсе го загуби речиси целиот состав кога им се урна авионот со кои се превезуваа на натпревар.