24фудбал

Милик и официјално е нов играч на Марсеј (ФОТО)

Олимпик Марсеј го комплетираше трансферот на Аркадиуш Милик кој оди на позајмица со обврска да биде целосно откупен.

Франција

Милик синоќа ги помина медицинските тестови и стави потпис на договор со Марсеј.

Тој 18 месеци ќе игира на позајмица, а потоа Марсеј ќе го откупи за 8-9 милиони евра плус 3-4 милиони евра во бонуси, а Наполи ќе добие и 20 проценти од следниот негов трансфер.

„Среќен сум и горд што можам да соопштам дека официјално сум играч на Олимпик Марсеј, еден од најпрестижните клубови во Европа. Подготвен сум за оваа нова авантура. Напред Олимпик Марсеј“, вели Милик.