24фудбал

Алаба е минато за Баерн Минхен, тие ја почнаа операцијата за негова замена и веќе го имаат првиот пик

Гигантот од Бундеслигата, Баерн Минхен ќе тргне по дефанзивецот на Лајпциг, Дајот Упамекано за кој интерес има од неколку клубови.

Германија

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге потврди дека тие се заинтересирани за Дајот Упамекано од Лајпциг.

Баварците не успеаа да се договорат со Давид Алаба за продолжување на соработката, тој ќе замине по крајот на сезоната, а тие сакаат Упамекано да биде неговиот наследник.

„Секако дека ќе се обидеме да го договориме овој играч, и не само него, туку и со други. Сакаме да се засилиме на неколку позиции на кои сметаме дека имаме потреба. Во јануари нема да купуваме играчи, во ова време на корона важен фактор се и парите. Трансфер активности ќе имаме во лето кога очекуваме подобри времиња“, вели Румениге.