24фудбал

Арсенал сака да пазарува од Реал Мадрид, Топчиите му фрлија око на играчот кој сака да замине од кралскиот клуб

Арсенал испратиле понуда за ангажман на Мартин Одегард кој сака да си оди од Реал Мадрид бидејќи не е задоволен од својот статус кај Зинедин Зидан.

Англија

22-годишниот фудбалер беше одличен во Реал Сосиедад каде играше на позајмица од Реал Мадрид, но не добива вистинска шанса кај Зидан.

Одегард сака да игра повеќе, знае дека има квалитети да настапува а не да седи на клупа, па побара од клубот да си замине.

Арсенал сака да ја искористи неговата ситуација и сака да го ангажира Одегард, веќе испратиле и понуда до Реал Мадрид.

Но топчиите не се единствените заинтересирани за Норвежанецот, информациите од Шпанија велат дека Реал Сосиедад сака да го врати во своите редови на нова позајмица.