Андреа Пирло синоќа го освои својот прв трофеј како тренер откако Јувентус со 2-0 го победи Наполи во Супер Купот на Италија.
Категорија: Италија 21.01.2021 08:41 Прочитано: 296 пати
Натпреварот меѓу Јувентус и Наполи беше посебен за Андреа Пирло, победата на неговиот тим значеше и негов прв трофеј како тренер.
„Чувствувам огромно задоволство, го кренав првиот трофеј како тренер, и чувството е различн, мислам дека дури и е подобро отколку како фудбалер, бидејќи водам така одличен состав во историски клуб. Прекрасно е“, вели Пирло.
„Сакавме да докажеме дека ние не сме тимот кој го видовте против Интер, кога играте со посветеност, со правилен однос, со желба, тогаш ја вртите среќата на ваша страна“.