24фудбал

Инсиње плачеше по промашениот пенал, Гатузо го теши: И Марадона и Пеле промашувале пенали (ФОТО)

Наполи со 2-0 го загуби Супер Купот на Италија од Јувентус, а трагичар на мечот е Лоренцо Инсиње кој промаши пенал за израмнување.

Италија

Беше 1-0 за Јувентус кога Инсиње доби шанса од пенал да го изедначи резултатот, но тој шутираше крај голот.

Инсиње теренот го напушти во солзи, но по мечот Гатузо рече дека одговорноста е негова и фудбалерот не треба да се чувствува одговорен за поразот.

„Лоренцо не треба да се чувствува одговорен. Секој може да промаши пенал, јас сум тој кој е одговорен за поразот. Не е негова вина што го загубивме мечот“, вели Гатузо.

„Боли кога го гледате како плаче, можеше да го постигне 100. гол и да го однесе мечот во прдолженија, но вакви работи се случуваат. И Марадона и Пеле промашувале пенали“.