24фудбал

Првиот човек на Алкојано: Имаме буџет од 700.000 евра, победата над Реал е позитивна енергија за клубот

Претседателот на Алкојано вели дека нивниот буџет изнесува нешто над 700.000 евра и додава дека триумфот над Реал Мадрид е позитивна енергија за клубот но и за градот.

Шпанија

Третолигашот Алкојано вечерва приреди сензација, го совлада големиот Реал Мадрид и да го елиминира од Копа дел Реј.

За успехот да биде поголем, голот за победа беше постигнат во моменти кога домаќините имаа играч помалку на теренот.

„Ова е позитвна енергија за клубот но и за целиот град. Имаме буџет од нешто над 700.000 евра“ - вели претседателот Антонио Хустисија.