24фудбал

Срамен пораз и историја, третолигашот Алкојано со играч помалку го елиминираше Реал од Купот! (ВИДЕО)

Реал Мадрид доживеа срамна елиминација во Копа дел Реј а третолигашот Алкојано испиша историја откако со 2-1 го совлада шампионот на Шпанија и тоа со играч помалку.

Шпанија

Сензација во Копа дел Реј, третолигашот Алкојано го исфрли Реал Мадрид. Избраниците на Зинедин Зидан беа огромни фаворити но на крајот доживеаја срамен пораз.

Милитао донесе предност за „кралевите“ во финишот на првиот дел, но Алкојано не се предаде и изедначи во 81. минута со голот на Солбес.

Мечот отиде во продолженија, а таму Хуанaн во 115 минута донесе предност од 2-1, и тоа во моменти кога домаќините имаа играч помалку на теренот, Рамон Лопез беше исклучен во 110 минута.