24фудбал

Погба по втор пат во осум дена решава натпревар, со атрактивен гол го сруши и Фулам (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 1-2 го совлада Фулам, Пол Погба се погрижи „ѓаволите“ да си заминат со три бода, Французинот прекрасно пласираше од работ на шеснаесетникот.

Англија

Пол Погба по втор пат во осум дена решава натпревар, откако атрактивно погоди против Барнли за славје, вечерва го сруши и Фулам.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и поведоа преку Лукман по пет минути игра, но гостите брзо се вратија во игра, Кавани изедначи на 1-1 во 21. минута откако голманот Ареола лошо реагираше по една нафрлена топка на Бруно Фернандеш.

Најубавиот момент на мечот се случи во 65. минута, Пол Погба прекрасно пласираше на подалечната статива од работ на шеснаесетникот и донесе предност за „ѓаволите“ од 1-2.

Во финишот од мечот, Де Хеа го спречи Лофтус Чик да изедначи на 2-2, а во последните секунди, гостите имаа доста среќа, малку фалеше Баји да си постигне автогол, но топката мина милиметри крај стативата.

Со оваа победа, Манчестер јунајтед се врати на врвот на табелата.