24фудбал

Јувентус го победи Наполи и го освои Супер Купот на Италија, прв тренерски трофеј за Пирло (ВИДЕО)

Јувентус со голови на Роналдо и Мората со 2-0 го победи Наполи и го освои италијанскиот Супер Куп, Лоренцо Инсиње е трагичар за Наполитанците откако промаши пенал за израмнување.

Италија

Наполи и Елмас можат да жалат што не освоија нов трофеј, Јувентус го доби мечот со 2-0, а тоа значи и прва титула како тренер за Андреа Пирло.

Резултатот во првото полувреме беше 0-0, немаше многу шанси за гол. Така почна и второто полувреме, а резултатот беше отворен во 64. минута кога Роналдо се најде на вистинското место и погоди за водство на Јуве од 1-0.

Тоа беше вкупно 760 официјален гол за Роналдо со кој стана најдобар стрелец на сите времиња.

Веднаш по примениот гол Елиф Елмас беше ставен во игра. Наполи бараше погодок за израмнување и дојде до идеална шанса за тоа.

Во 80. минута добија пенал, но Лоренцо Инсиње го промаши целиот гол и не успеа да го изедначи резултатот.

Во петтата и последна минута од судиското продолжение, по една контра Алваро Морта постигна гол, ја завери титулата и ги постигна конечните 2-0.