24фудбал

Роналдо стана најдобар стрелец во фудбалската историја! (ВИДЕО)

Во Супер Купот на Италија, Кристијано Роналдо го постигна својот 760 официјален гол и стана најдобар стрелец во фудбалската историја.

Италија

На Роналдо му фалеше уште еден гол за да го помине рекордот на Бичан и да излезе на првото место на вечната листа на стрелци во историјата на фудбалот.

Тоа се случи денеска, Роналдо му даде гол на Наполи и сега е најдобар стрелец во историјата со 760 голови, бројка која само ќе ја зголемува додека активно игра фудбал.