24фудбал

Рома им даде отказ на луѓето кои не ги знаеа правилата за измени!

Рома им врачи отказ на тим менаџерот Џанлука Гомбар и Маноло Зубириа по срамната грешка со замените на мечот од Купот на Италија против Специја.

Италија

Рома со 4-2 загуби од Специја во Купот на Италија во меч кој траеше 120 минути. Регуларниот дел заврши 2-2, па победникот беше решен во продолженијата.

Рома на мечот направи шест замени иако правилата дозволуваат само пет.

Во Рома мислеле дека со влезот во продолженијата автоматски добиваат и уште една замена, но не е така.

Дозволени се само пет замени, а доколку се играат продолженија се отвора само уште еден „период“ за измена.

Во регуларните 90 минути се дозволени пет замени кои треба да се направат во три периоди. 

Што значи дека со влезот во продолжението оној кој има направено три или четири замени во три периоди во регуларниот дел, ќе може петтата замена да ја направи во продолженијата.

Но во Рома ова не го знаеле, па направиле шест замени по што клубот реши да подели по некој отказ.

Ова не е прв кикс во Рома оваа сезона, тие на почетокот од сезоната беа казнети со службен пораз од 3-0 против Верона откако Диавара играше, а немаше право да игра.