24фудбал

Барселона се уште нема нов претседател, но клубот веќе договори засилување за следната сезона

Иако се уште Барселона нема ново раководство, управата која привремено го води клубот е активна на трансфер пазарот, постигнат е договор со Ерик Гарсија за ангажман од следната сезона.

Шпанија

Договорот на Ерик Гарсија со Манчестер Сити истекува по крајот од сезоната. Подолго време се шпекулира дека негова следна дестинација ќе биде Барселона.

Но не беше јасно дали каталонскиот клуб ќе се обиде да го ангажира во јануари со тоа што ќе плати некакво обесштетување или ќе го договори како слободен играч за лето.

Последниите информации велат дека Барселона постигнала договор со Ерик Гарсија тој да се пресели на Камп Ноу во летниот преоден рок.

Тој од јануари слободно може да преговара со други клубови, а се вели дека Барселона во текот на следната недела и официјално ќе соопшти дека е договорен ангажманот на Гарсија.