24фудбал

Гачевски правеше чуда на голот на Паралимни (ВИДЕО)

Македонскиот голман доста забележителен во минималната победа на Паралимни на гостувањето кај Олимпија Никозија.

Македонија

Тимот на Паралимни каде настапува и 30 годишниот македонски голман Филип Гачевски, дојде до третата победа во низа во најсилниот фудбалски шампионат на Кипар, па за момент се одлепи од опасната зона во тоа првенство по 20 одиграни кола.

Во минималната победа денеска кај Олимпија Никозија, голем допринос донесе токму македонскиот голман, кој во финишот на пресметката имаше две фантастични интервенции во низа со што помогна да се сочува мрежата на гостите, а со тоа и водството кое остана до последниот судиски свиреж.

https://www.youtube.com/watch?v=M9BReLKcBok&feature=emb_title

(7.10)

Инаку Гачевски на 10 настапи во новата сезона за Паралимни успеа на три меча да ја сочува својата мрежа, а на десет меча прими 15 погодоци.