24фудбал

Подолски без влакна на јазикот распали по Арсенал: Срамота е што приказната со Озил заврши вака

35 годишниот Подолски во моментов настапува за турски Анталијаспор, во дресот на Арсенал претходно во три сезони успеа да запише 60 настапи, на кои постигна и 19 погодоци.

Англија

Лукас Подолски е среќен поради фактот што неговиот поранешен соиграч од Арсенал и германската репрезентација, Месут Озил ќе добие можност за регуларен првотимец во дресот на Фенербахче.

Германскиот плејмејкер е голем навивач на Фенербахче уште од мали нозе, за што тој воопшто не крие, а Арсенал го ослободи од обврските на шест месеци пред истекот на неговиот договор, меѓутоа третманот кој го доби Озил предизвика големи полемики кај навивачите околу прашањето колку сето тоа беше исправно од тренерот Микел Артета.

Многу сум среќен поради фактот што Месут ќе има можност да игра во Турција, тој сигурно ќе биде од голема важност за Фенербахче, и на 32 години ќе има значајна улога на теренот“ изјави Подолски кој потоа не се воздржа да го искритикува Арсенал за третманот кон Озил.

Ова е навистина голем срам што заврши на ваков начин, сево ова нема никаква поврзаност со професионалниот пристап во фудбалот, навистина не би можел да разберам како се случи сево ова да не му биде дозволено да игра“ додаде Подолски.