24фудбал

Куман го возвраќа ударот од ПСЖ: Јас велам ДА за Нејмар или Мбапе во Барселона

Холандскиот фудбалски стратег не остана имун на „провокациите“ од страна на францускиот првак во однос на можноста да го ангажираат Лионел Меси, првата ѕвезда на Барселона од големо значење за тој клуб.

Шпанија

Шефот на стручниот штаб на Барселона, Роналд Куман му возврати на спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо кој јавно наведе дека Лионел Меси како и сите други големи фудбалски ѕвезди се на нивната листа на желби, со тоа што даде „зелено светло“ за ангажман на Килијан Мбапе или Нејмар.

Тоа што е веќе познато, актуелниот договор на Меси со Барселона истекува на лето, а освен Манчестер Сити, се споменува дека и ПСЖ е сериозно заинтересиран за неговите клубови, воедно, тоа се и клубови кои се доста моќни од финансиски гледна точка да си дозволат таков ангажман.

Големи фудбалери како Меси секогаш ќе бидат на листата на желби на ПСЖ“ рече Леонардо, а Куман возврати во иста мера.

Доколку ме прашувате за тоа дали јас сум заинтересиран за ангажман на Нејмар или Мбапе, би ви потврдил, не знаеме што ќе се случи во иднина, а во однос на иднината на Меси навистина не би сакал да коментирам“ додаед Куман.